Интервју со Моника Зајкова: Ме советуваат Ружин, Манасиевски, Гошев

by fokus

Моника Зајкова е првата жена-лидер, која дојде на чело на Либерално-демократската партија, која во минатото ја предводеле Гошев, Пенов, Манасиевски, Жерновски и последно – Милевски. Во интервју за „Фокус“, таа говори дека нејзината цел е зголемување на членството, враќање на довербата на граѓаните во либерализмот и факторизирање на партијата на политичката сцена

Разговараше: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

 ФОКУС: Еден од најпопуларните либерал-демократи и омилен кај граѓаните е доктор Никола Пановски, кој е и советник во Град Скопје. Дали во партијата се активни Андреј Жерновски, Јован Манасиевски, Нано Ружин и Петар Гошев? Кој од поранешните истакнати либерали е активен сега?

 ЗАЈКОВА: Секако д-р Никола Пановски е член и на Советот на ЛДП и од него добиваме предлози што се однесуваат на подобрување на здравствениот систем и учествува заедно со други доктори што ги имаме како членови на советот во креирањето на здравствените иницијативи што ќе ги промовира партијата.

Секој од споменатите помага со свои совети во дејствувањето на ЛДП.

Професорот Ружин дава голем придонес во креирањето мислења и политики од доменот на надворешната политика, Јован Манасиевски секогаш учествувал во креирање на партиската програма и политики, од поранешниот претседател Петар Гошев секогаш можам да добијам конструктивен предлог и мислење, особено во доменот на политиките што се однесуваат на економијата и финансиите.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости