Трајанов по напуштањето на власта: Нема една изборна единица, судски реформи, борба против корупцијата

by Фокус

Откако соопшти дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владата и нема да бидат дел од парламентарното мнозинство, лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов посочи дека ќе ги поддржуваат само проектите за имплементација на европските стандарди.

-Нашите ставови не се совпаѓаат со ставовите на владејачката партија. Нема логика за опстојување, ако постојано ги прифаќате, условно кажано, стаовивте на постариот брат – порача тој.

Трајанов додаде дека ниту една од програмските определби не се имплементирани.

-Имавме договор за Македонија да биде една изборна единица, во оваа насока имаше и закон кој помина на собраниските комисии, меѓутоа е блокиран бидејќи претседателот Талат Џафери не ја закажува седницата на која треба да се расправа за законските промени. Тоа беше една од најглавните определби. Понатаму, бевме за тоа да има реформи во судскиот систем и во оваа насока имавме закон за преиспитување на факти и докази користени во судски постапки, а сега е блокиран и не се расправа за него. Третата работа е борбата против корупцијата – баравме неселективна борба и во таа насока имаме проект кој предвидува формирање агенција за борење против висока корупција, но немаме поддршка – истакна тој.

Поврзани новости