Курти ја напушти седницата посветена на дијалогот со Белград

by Фокус

Седницата на косовското Собрание на која се расправаше за дијалогот со Белград повторно е одложена на барање на опозицијата, откако премиерот Албин Курти и по едночасовна пауза не се врати во Собранието.

Шефовите на пратеничките групи на опозицијата побараа прекин на седницата, што беше прифатено.

Кога седницата ќе продолжи ќе одлучи Претседателството на Собранието на Косово.

Премиерката Ана Брнабиќ изјави денеска дека Србија е секогаш подготвена за дијалог и секогаш ќе биде тука да разговара со Приштина.

Но, според неа, Заедницата на српските општини мора да се формира и овојпат, како што рече, тоа е заеднички став на Србија и нејзините западни партнери, пред се ЕУ и САД.

Поврзани новости