(ИНТЕРВЈУ) Меџити: Во последно време не можам да го препознаам ниту Ахмети

by fokus

„Огнената група“ од ДУИ веќе се издвои како фракција. Во разговор за „Фокус“, еден од предводниците, Изет Меџити, објаснува кои ќе бидат нивните следни чекори и дали можеби ќе формираат и нова партија. За тоа кој е лидер на ДУИ во моментов и дали очекуваат отворање судски предмети против нив како можна политичка одмазда, читајте во новиот број на „Фокус“ кој веќе е достапен и онлајн.

Разговараше: Катерина СМИЛЕВА БОЖИНОВСКА

ФОКУС: Што доколку Ахмети реши да оди до крај и да ве исклучи од партијата, бидејќи фракции, нели, не се дозволени?

МЕЏИТИ: Многу нешта не се дозволени во Статутот на ДУИ. Како што се координаторите за политички и стратешки прашања во Чаир и Сарај. Тоа го нема во Статутот. Го нема и она што го прават „еден член – еден глас“. Нестатутарен е и влезот на Алијанса во Владата. За тоа не беше разговарано во партијата. И за владата на Заев и за владата на Ковачевски не беа поминати филтрите во ДУИ.

За фракцијата, точно е дека не стои во Статутот, но поважна е политичката волја. И до вчера Ахмети нѐ убедуваше дека тоа е европска вредност. Ако сакаме да се прикажеме како европски фронт, а ни пречи европска вредност како фракција, тоа е контрадикторно.

Во ДУИ никогаш немало исклучување од партија, па дури и некои луѓе имаа формирано и политички партии, како Острени, и тој не беше разрешен од позицијата во „Телеком“. Ние сме сѐ уште внатре во ДУИ и се соочуваме со работи што не се совпаѓаат со духот на ДУИ и со тоа како до вчера го знаевме Ахмети. Мек политичар, со меки ставови, широкоградни. И сега одеднаш се соочуваме со политичко диференцирање како во времето на комунизмот. Секој што ќе се осмели да каже збор против Артан Груби, утредента ќе биде разрешен.

ФОКУС: Од каде таа промена на Ахмети од мек политичар кон некои поинакви ставови?

МЕЏИТИ: Мислам дека тука е влијанието на Груби, на таквите околу Ахмети. Под нивно влијание, не само ДУИ, туку во последно време не можам да го препознаам ниту Ахмети. Особено во Чаир со изјавите: едниот ни кажуваше дека возот ќе нѐ прегази, другиот ураганот.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

Поврзани новости