Тројца малолетници краделе под инструкција на 74-годишник

by Fokus

Тројца малолетници од Шуто Оризари извршиле кражба вчера во Скопје под инструкција на 74-годишник, кој бил уапсен веднаш потоа, информираа од МВР.

„На 05.04.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир го лишиле од слобода Р.Б.(74) од Скопје. Тој се сомничи дека во текот на денот убедил тројца малолетници од Шуто Оризари да извршат разбојништво врз Ф.П. во нејзиниот дом, при што одзеле пари. Имено, тој со возило ги однел децата до куќата и им посочил како да го извршат делото. Откако го сториле делото парите ги поделиле, од кои дел се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости