Интересни детали за светиниколчанецот Сакса, кој освои милионска награда: Висок е над два метри, и порано освојувал милиони долари!

by fokus

Мартин Саздов – Сакса, 27-годишен гејмер од Свети Николе, за кого пред неколку дена слушна целиот свет, откако неговиот тим победи на Интернационалниот ,,Дота 2” турнир во Сингапур, и освои 8.518.822 долари, стана едно од најпребаруваните имиња на интернет кај нас.

Кое е момчето, кое стана најдобра ,,Дота 2” играч на светот, кое со својот тим ,,Тундра Еспортс” ја освои милионската награда?

Од она кое може да се прочита во неговата биографија, објавена на страницата Liquipedia Dota 2, тој играл видео игри уште кога бил три-годишно дете.

Започнал да игра ,,Дота” на свои десет години, и се повеќе се усовршувал. Кога забележал дека има голем напредок, решил да го остави универзитетот, и да се посвети целосно на ,,Дота 2”.

Во 2015 година го доживеал првиот значаен успех, кога со неговиот тогашен тим ,,4 clover & lepricon” освоил 65.000 долари.
Во 2016 година прво со тимот ,,Digital chaos” освоил 3.427.126 долари, а потоа истата година, со истиот тим освоил уште 250.000 долари на натпревар.

Во 2017 година се спомнуваат освоени 125.000 долари, а пак во 2019 година во два наврати освојувал по 125.000 долари со своите тимови.

Во 2020 година исто така два пати освоил награди, и тоа првин 125.000 долари, а потоа 100.000 долари.
Лани со тимот ,,ОГ” освоил 1.000.500 долари, а пак годинава со тимот Тундра Еспортс брилираше со наградата од 8.518.822 долари.

Околу тоа кој е приватно Сакса, во биографијата е наведено дека тој е највисокиот играч на професионалната ,,Дота 2” сцена, со 2.03 метри висина.

Пишува дека тој станал првиот македонски играч кој учествувал на интернационалниот натпревар во 2016 година.
Името Сакса го добил во раните години кога започнал да игра ,,Дота”.

Прво добил златно членство, но сметката му била хакирана. Откако бил пронајден хакерот, добил нова сметка со името Сакса, кое го користи до денес.

Вики Клинчарова

Поврзани новости