Интензивирани руските напади врз Украина во последните 24 часа, загинаа најмалку 11 цивили

by Fokus

Русија ги интензивираше нападите врз Украина, при што се пријавени 11 цивилни жртви во последните 24 часа, соопштија украински официјални извори.

Најмалку тројца цивили загинаа, а тројца се ранети во руски ракетен напад врз градот Чугуев во северна Украина, изјави денеска шефот на регионалната полиција.

Ракетите кај Чугуев, на 120 километри од границата, најверојатно биле истрелани од руска територија.

– Четири руски ракети, најверојатно истрелани од околината на Белгород, погодија станбена зграда, училиште и административни згради околу 3:30 часот, напиша функционерот на Фејсбук.

Во соседниот регион Сума, еден цивил загина, а најмалку седум се ранети во руски минофрлачки и артилериски оган врз три града и села недалеку од руската граница, соопшти денеска регионалниот гувернер на Телеграм.

Седум цивили се убиени, а 14 се ранети во изминатите 24 часа во градовите во источниот украински регион Доњецк, соопштија украинските власти.

Поврзани новости