Инспекторите на УНЕСКО ги испитуваат влијанијата на владините проекти на Галичица

by fokus

Мониторингот на Охрид од страна на експертите од Унеско започна денеска со „чешлање“ на документацијата за владините проекти на Галичица меѓу кои изградбата на магистралниот пат А3 Охрид- Свети Наум, ски центар и изградбата на туристичко развојни зони „Љубаништа”,„Отешево” и „Стење”.

Тричлената комисија изврши увид и во досега спроведените активности,влијанието од нив, како и контрола на транспарентноста на службите во делот на тоа колку изминатиот период биле  испочитувани препораките на Унеско.

Експертите не дадоа изјава за медиумите, а забелешките ќе ги достават  по завршување на мисијата, после 14ти овој месец.

 

Поврзани новости