Меџити: Парламентарното мнозинство треба да биде похрабро

by fokus 19:57
19:57

Пратениците на парламентарното мнозинство треба да бидат похрабри во конституирањето на новото парламентарно мнозинство, вели потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити.

Во интервју за емисијата 200 во Алсат М, Меџити вели дека ДУИ го затворила поглавјето со ВМРО која според него ќе го има тешко да најде коалиција кај Албанците ако продолжува со поттикнатата реторика во меѓуетничките односи.

- Advertisements -

-Субјектите кои го прават новото парламентарно мнозинство да влезат храбро бидејќи крајот на краиштата, Македонија е парламентарен систем, нема нешто над парламентот и одлуката на граѓаните, има доволно 67 пратеници, треба да се оди храбро кон избирање на претседателот на Собранието, конституирањето на органите на Собранието и формирањето на владата, изјави Изет Меџити.

 

 

Поврзани новости