Инспектори на УЈП му врачиле налог за финансиска контрола на Боки 13

by fokus

Инспектори од Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево беа во притворското одделение на Затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, за да го известат првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски дека ќе вршат финансиска контрола во неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“ и да му врачат налог за тоа.

Налогот за финансиска контрола мора лично да го добие Јовановски кој е овластено лице на невладината организација, а претходно за да влезат во затворот од УЈП побарале и добиле дозвола од Кривичниот суд Скопје.

Инспекторите го известиле Јовановски дека од понеделник ќе ја преземат документацијата од Меѓународниот сојуз за да започне контролата.

Поврзани новости