Зегин го носи Џенан Лончаревиќ во Берово

by Fokus

Во склоп на Етно Плоштад Фестивал во Берово ќе настапи големата балканска ѕвезда Џенан Лончаревиќ благодарение на генералниот спонзор на манифестацијата, Зегин.

Главната ѕвезда на настанот Џенан Лончаревиќ ќе настапи на последниот ден од фестивалот на 27 август (вторник) со почеток во 22: 00 часот.

Зегин продолжи со спонзорирање на овој фестивал, а изминативе години благодарение на оваа компанија на сцената на Етно Плоштад Фестивал се појавија Здравко Чолиќ и Северина.

Фестивалот започнува на 23 август (петок) во 20:00 часот на Плоштадот “Димитар Беровски“,  а ќе заврши на 27 август пред големиот христијански празник Голема Богородица.

Освен Лончаревиќ нафестивалот ќе настапат и други звучни имиња како Влатко Стефановски, Горан Алачки, Етно Малеш, 2 Бона, Влатко Лозановски, Бени и Нон Стоп, Ефто Пупиновски, Тхе Штекица, ДЈ Сене, Ескејп Бенд, Кико и Столе, Ангел и Иван, КУД Димитар Беровски и други.Љубителите на традицијата ќе можат да ги посетат и тезгите со здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.

Поврзани новости