611
Државниот просветен инспекторат ќе излезе на терен и ќе утврдува дали дел од учениците во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ учат во подрумски простории, изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.
-Јас бев неофицијално информирана дека во ООУ Ѓорѓија Пулевски во Аеродром постои такво нешто, службите се на терен и ќе се утврди дали постои такво нешто или не, затоа што по стандард учениците не смеат да бидат сместени таму, кажа министерката за образование Мила Царовска во врска со информациите кои излегоа на социјалните мрежи дека дел од учениците во ова училиште учат во подрумска просторија без дневна светлина и проветрување.