Откако вчера во медиумите излегоа информации дека на скопската Инфективна клиника се хоспитализирани тројца нигеријски студенти со сомнежи дека во себе го носат вирусот на ебола, денеска лекарите од клиниката ја смируваат ситуацијата и тврдат дека нема место за паника. Според нив, ебола во Македонија нема.
Доктор Снежана Стојановска вели дека студентите од Нигерија биле превентивно задржани на клиниката, откако претходно на аеродромот „Александар Велики“, апаратите покажале покачена температура и поради тоа веднаш биле испратени на дополнителни испитувања.
– Студентите се пожалиле и превентивно се прегледаат. Добро е што немаат температура, бидејќи заболените од ебола имаат континуирана покачена температура во период од 72 часа, што кај студентите од Нигерија не е случај. Еден од нив е задржан на испитување за да се провери да не има други ендемски заболувања од таа земја, додека другите се пуштени на домашно лекување – тврди доктор Стојановска