Нови комесари во Европската комисија: Јоханес Хан надлежен за проширувањето на ЕУ

by lali 17:47
17:47

Во Брисел наголемо се шири веста дека Австријанецот Јоханес Хан ќе биде надлежен за проширувањето на Европската Унија. Европската комисија денеска соопшти дека се усвоени предлозите за нови комесари, а имињата ќе бидат објавени најрано на 10 септември. Европски дипломатски извори во Брисел веќе потврдија дека Хан во својот ресор ќе го има политичкото партнерство со источните земји, исто како и проширувањето.

Од Брисел наведуваат дека не е потребен посебен ресор за проширување, бидејќи тоа е пред се техничко, а не политичко прашање.

- Advertisements -

Австријанецот Јоханес Хан ваѓи за исклучително искусен кога станува збор за односите на ЕУ со балканските држави.

Од Брисел се уште не може да се добие одговор на прашањето зошто се укинува местото „комесар за проширување“, нешто што реално ги збуни државите и граѓаните чии земји се уште водат напори да влезат во Европката Унија.

Она што се знае е дека во случај одредена држава да успее да ги заврши преговорите, постоењето или непостоењето на посебен комесар за проширување не може ниту да ја забрза ниту пак да ја успори постапката за членство во унијата.

Поврзани новости