Има уште околу 1000 слободни кревети во ковид центрите во Македонија

by Fokus

Министерството за здравство информира дека на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 701 пациент и има околу 1000 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 289 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 10 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 5 примени пациенти и 11 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти. Во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 86 пациенти.

Поврзани новости