Новинарот Мухамед Зекири до Алсат М во интервјуто директно го праша Зоран Заев дали во материјалите за прислушување има докази кои ќе потврдат дека имало физички ликвидации на јавни личности и дека имало монтирани докази во досието „Монструм“ со петкратното убиство на Смилковско езеро?
„ За нарачки за ликвидација ризично е да истрчувам со заклучоци. Затоа решивме да одиме чекор по чекор, но злонамерноста отишла до бесвест, да не кажам болест. Ние сетоа тоа ќе го објавиме. Затоа што можете да имате како доказ разговор кој потврдува се и сешто, но, некои разговори се индикации. Не сум правник ниту истражен орган, но јас како лидер на опозицијата со тоа што ќе го направам многу облаци ке се расчистам“- изјави Заев.
Во однос на случајот „Монструм“ потврди дека ќе објави се за што ќе биде проценето дека може да даде поинаква димензија на случајот.
„Ако има некакви индиции кои можат да сменат нешто во случајот, секако дека ќе ги обајвиме и затоа ги уверувам роднините на двете страни дека се што ќе процениме оти е важно за тој случај ќе го обелодениме“ – изјави Заев.