Зошто Алсат е исклучена за време на интервјуто на Заев?

by Фокус

Последните два часа, од пред почетокот на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, телевизијата Алсат М е исклучена од web max tv и од каналот zulu. Со тоа, публиката која имаше намера преку интернет да го следи разговорот, остана непријатно изненадена. Голем дел од нив реагираат преку социјалните мрежи и прашуваат како токму вечерва не можат да се приклучат на програмата на телевизијата.

Истото го потврди и уредникот на телевизијата и водителот на интервјуто, Мухамед Зекири.

Дополнително, многумина од корисниците на кабелската Телекабел реагираа дека тие го немаат сигналот на Алсат М затоа што тој не е дел од понудата на кабелската телевизија, па и тие останале без можноста да го гледаат настапот на Заев.

Наспроти Алсат, на web max tv другите телевизии лесно се отвораат и постои можност за нивно следење.

Поврзани новости