Илјада пациенти се лекуваат во ковид-центрите, 300 кревети се слободни

by Фокус
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 1.045 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, има околу 300 празни болнички кревети.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород“, велат од Министерството.
Од таму додаваат дека се во постојан контакт со сите болници. Доколку има потреба, како што најавуваат, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани новости