Таравари: Заев одбива санкции против Русија исто како Вучиќ

by Фокус

Крајно загрижени сме во врска со неусогласување на надворешната политика на Македонија со онаа од ЕУ, особено во врска со европските санкции против Русија околу руската агресија во Украина, реагира Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар.

-Откога Зоран Заев стана премиер, Советот на ЕУ донесе 21 одлуки за продолжување и проширување на санкциите против Русија. Владата на Северна Македонија никогаш не е наредена во страната на овие одлуки. Владите Заев 1 и Заев 2 полни 21 пати одбиле санкции против Русија. Ова е загрижувачки тренд на ова Влада! Од друга страна ја имаме Албанија и Црна Гора кои потполно се наредени со ЕУ. Притоа, Северна Македонија на Зоран Заев и Србија на Вучиќ одбиваат европски санкции против Русија – рече Таравари.

Тој истакна дека министерот за надворешни работи Бујар Османи успешно ја спроведува, како што рече, проруската надворешна политика на вицепремиерот Никола Димитров.

Поврзани новости