Илир Сулејмани по вторпат изгласан за претседател на Граѓанскиот суд

by fokus

Денеска Судскиот совет по вторпат го избра актуелниот претседател Илир Сулејмани за претседател на Основен суд Скопје 2. Управната судијка Исмета Амет беше избрана за претседател на Вишиот управен суд, а за претседател на Основниот суд Битола избран е судијата Миле Димовски.

Судијата Ѓорѓи Андонов ќе раководи со Основниот суд Штип, а досегашниот претседател на Основен суд Велес, Александар Шопов заминува, а на негово место доаѓа Лидија Димова.
Зоран Стеваноски е нов претседател на Основен суд Прилеп, а Миле Ѓорѓиев ќе шефува со Основниот суд во Делчево.
Амдије Зенку е избрана за претседател на Кичевскиот основен суд. За претседател на Основниот суд Крива Паланка избрана е Љубица Цветковска-Стојановска. Билјана Толова е изгласана за Основниот суд Неготино.

 

Александар Чичаковски, поранешниот претседател на ДИК, пак денеска беше избран за судија во Управниот суд. Освен Чичаковски, членовите на Советот ја избраа Елеонора Ајро за судија во Управниот суд.

Поврзани новости