Премиерот Емил Димитриев побара Собранието да ја разреши досегашната заменичка министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска со образложение дека нејзиното проопозициско однесување не кореспондира со политиките на Владата.
Пратениците со 63 гласа „за“ и 19 „против“ го изгласаа Илија Исајловски, актуелен амбасадор на РМ во Кина, за нов заменик министер за надворешни работи.
Собранието едногласно ја разреши Кипријановска, која беше на функцијата на предлог на партијата на Павле Трајанов, како дел од коалицискиот договор по изборите во 2014.
Од партијата велат дека разрешувањето на Кипријановска доаѓа откако Трајанов ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ и отворено почна да се спротиставува на политиките на Груевски. Оттаму порачувата дека слична судбина очекуваат да ги снајде и останатите функционери кои се на предлог на ДС, а веќе почнале разрешувања во третиот ешалон.