Илија Димовски за „Телма“ наговестил можни парламентарни избори во ноември

by Фокус

Доколку пратениците од опозицијата предводена од СДСМ не се вратат во парламентот владејачката ВМРО – ДПМНЕ не ја исклучува можноста во ноември да се распишат предвремени парламентарни избори, јавува телевизија „Телма“ повикувајќи се на изјава од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Времето ќе покаже дали изборите ќе се распишат само за испразнетите 31-но пратеничко место или пак за нови 123. Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза – коментирал Димовски за „Телма“.

Поврзани новости