Илија Димовски: Во СЈО сум повикан бидејќи премногу зборувам во Собрание

by Fokus

Пратеникот Илија Димовски пред малку стигна во Специјалното јавно обвинителство, каде што треба да даде исказ како осомнипен во случајот „Талир“.

На прашањето на медиумите за што е осомничен, тој накусо рече дека бил повикан во СЈО, бидејќи премногу зборувал во Собранието.

Денеска во Специјалното јавно обвинителство како осомничен во случајот „Талир“ исказ требаше да даде и Иво Котевски, но како што самиот истакна, најпрвин побарал увид во доказите.

 

Поврзани новости