358
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој до сега ги координираше пратениците на оваа партија во Собранието, самоиницијативно се повлекол од таа позиција. Димовски тоа вчера им го соопштил на своите колеги. Неофицијално позицијта координатор ќе ја заземе Влатко Ѓорчев.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да одлучат дали ќе го следат годишното обраќање на претседателот, Ѓорѓе Иванов, во Собранието, и дали ќе се вклучат во работата на парламентот, откако ги бојкотираа минатите седници.