Вработените во „Трансмет“ ќе ја тужат компанијата ако до Нова Година не ги добијат заработените плати

by fokus 09:54
09:54

Продолжува штрајкот на вработените во градежната компанија „Трансмет“, чиј поранешен сопственик е првообвинет во предметот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство. Доколку до Нова Година не ги добијат заработените плати, не им бидат исплатени придонесите и регресот за годишен одмор, вработените најавуваат колективна тужба против компанијата.

Од денеска нивниот штрајк ќе се интензивира со тоа што ќе блокираат повеќе локации, освен приодот до дирекцијата во Кичевско Извор, каде се секое утро веќе една недела.

Платите во „Трансмет“ доцнат од февруари годинава. Вработените добиле одговор од сопствениците дека причина за нередовната исплата е тоа што државата и должи на компанијата околу три милиони евра неподмирени обврски. Оваа градежна компанија беше чест ностител на државните тендери за градежни работи во време на претходната владејачка структура.

Вчера министерот за транспорт, Горан Сугарески, рече дека државата не должи пари на ниту едно претпријатие, меѓу кои и „Трасмет“.

Поврзани новости