Илија Димовски потврди: Димитриев нов технички премиер

by Фокус

Илија Димовски одржа пресконференција на која објави дека нов премиер на преодната влада која ќе ги организира избороите ќе биде генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. Оваа одлука била донесена едногласно попладнево на Централниот комитет.

-Нашата намера е да го затвориме овој деструктивен период и да се фокусираме на она што е приоритет на граѓаните. Во согласност со законите, премиерот на актуелната влада поднесува оставка 100 дена пред изборите, изјави Димовски.

Тој рече дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ му дава целосна поддршка на претседателот на партијата, Никола Груевски, за постапките кои тој ги презема за одржување на избори.

Поврзани новости