Заев: Ова не е крај, ова е почеток на крајот на Груевски

by Фокус

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, одржа куса пресконференција како реакција на пресот на Груевски и рече дека денешната изјава на Никола Груевски е директно признание дека поради него и неговата партија не се исполнети клучните делови од Договорот од Пржино и дека тој е причината за политичката криза во Македонија. Заев повтори дека императив на договорот од Пржино е кристално чист предизборен и изборен процес и тоа мора да се реалзиира.

-Човекот кој одлучуваше за живот и смрт, за тоа кој може слободно да живее во Македонија, а кој не. Човекот кој заедно со неговата фамилија, братучедот Мијалков и кумот Ставрески узурпираше се за свое лично богатење, јасно му е дека на тоа денеска му дојде крајот. Никола, ти не си Македонија. Почитувани граѓани, ова не е крај, ова е почеток на крајот на една криминална, корумпирана, расипничка и недемократска власт, рече Заев.

Претседателот на СДСМ ги повика сите граѓани на Република Македонија заедно да ја вратат демократијата и слободата во државата.

Поврзани новости