Илија Димовски: Нема да ги повторуваме грешките кои СДСМ ги правеше во опозиција

by fokus

Собранието мора да биде функционално, нашите пратеници ќе доаѓаат на работа, ќе бидат активно вклучени, иако има многу причини зошто не требаше да дадеме легитимитет за денешната седница. Но ќе бидеме тука и на добрите предлози ќе даваме поддршка, нема да ги повторуваме грешките кои СДСМ ги правеше кога таа беше во опозиција, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски од собраниската говорница.

Според него тие победиле на изборите но не формирале влада. Тој повтори дека политичките фактори СДСМ, ДУИ треба да се спремни за последиците поради одлуката победничката партија да не биде на власт.

„Се скрши Уставот, Деловникот, се појавија постизборни платформи кои не беа предмет на избори, беа изманипулирани граѓаните. Тука гледам двајца луѓе, ги гледам Заев и Ахмети и верувам дека се свесни за сериозните чекори кои ги преземаа и се свесни за одговорноста која ја носат. Ја имам со мене и гаранцијата која ја даде Заев пред претседателот Иванов, но ја носам и албанската платформа. Прашањето е чив потпис е потежок на Иванов и Заев или тој на Ахмети на платформата. Како ќе го веслате бродот вие знаете, но не треба да им наштетите на државните и националните интереси“, рече Димовски.

Тој истакна дека не му е јасно зошто денеска се брза со изгласувањето на новата предлог програма за Влада.

„Ветувавте демократија основни постулати на демократијата се почитувањето на процедурите. Во 1 часот и 22 минути вчера ја добивме програмата на владата, во еден ден не може тој материјал да го погледне никој, а ветувавте транспарентност“, рече Димоски.

Според него, дел од новите министри кои биле најавени во владата се класични партиски кадри кои се актуелни во повеќе скандали.

„Има и кадри кои се добри како на пример Таравари за кој според биографијата ние би биле спремни за поединечно ако се гласа да гласаме за таков кандидат, но како кадровски потенцијал кој според својата биографија е добар кандидат. Сигурно овој кандидат е еден од неколкуте но не го делиме впечатокот за целата влада.
Предложената влада има исклучително мал и слаб економски тим. Има огромен број кандидати министри без ресор, и претходната влада имаше многу министри без ресор но 90% од нив работеа во економскиот тим на владата. Ова е голем пропуст за мандатарот“, рече Димоски.

Според него во програмата има многу непрецизности и празни ветувања и јасни одредници за зголемување на даноци, и зголемување на акцизите за возила.

„Нема збор за зголемени пензии, платата на војската полицијата, вработените во јавниот сектор, а многу од ветувањата беа дека ќе се остварат веднаш.Не слушнавме ништо за договорениот закон за употреба на јазиците, немаме детали иако со месеци го бараме тој закон да го видиме како основа. Покрај добрите намери за НАТО и ЕУ не спомна ниту збор мандатарот за тоа како планира да го реши проблемот кој Грција го има со нашето уставно име.

Збор нема за поддршка на странските инвестиции, во овој момент преку 500 компании соработуваат со странските инвестиции, платата беше 10 илјади денари денеска не може да најдете работник за тие пари“, рече Димоски.

Поврзани новости