Штрајк на автошколите поради новата обврска за снимање на секој час

by Фокус

Стотина сопственици и вработени во автошколите од Македонија денеска ја блокираа Илинденска и одржаа мирен протест пред Владата. Причина за протестот се новите законски измени според кои автошколите се должни за време на оспособувањето на кандидатот за возач да имаат вклучено камера во просторијата за теоретска настава, како и во возилото за обука и тоа на 30 сантиметри оддалеченост од инструкторот и кандидатот за возач.

Ако не се почитува оваа законска одредба, казните достигнуваат и до 8.200 евра. Опремата за снимање и складирање на материјалите автошколите и инструкторите треба сами да си ја набават.

-Ние сме прва земја во Европа која на ваков начин решила да ги решава проблемите. Тука имаме мешање на приватноста на кандидатот за возач во изразувањето, креативноста на возачот-инструктор е доведена во прашање. Самиот факт дека овој член стартува од 8 јануари 2016 ги преполни авто школите со кандидати кои сакаат да завршат пред да се примени членот. И тие авто школи кои под притисок решија да воведат снимање, не се во можност да го спроведат законот, бидејќи проблематично е и архивирањето на материјалот. Апсолутно е замрена обуката, дали 10 отсто од авто школите имаат камери, ама и тие не можат да ги користат. Утре во 12 пак сме пред Влада, бидејќи секое одложување создава се поголем револт, Јонче Апостоловски, претседател на Националното здруженија на авто школи и возачи- инструктори.

Поврзани новости