Игор Милев од Царина предложен за претседател на одборот на директори на Македонски телеком

by Fokus

Нов претседател на Одборот на директор на „Македонски телеком“ да биде поранешниот советник на директорот на Царинската Управа Игор Милев, предложи Владата. Тој е предложен од редот на неизвршни членови, а по одлуката на Зоран Китанов да се повлече од функцијата.

Владата поседува 34,81 отсто во „Македонски телеком“ и златна акција.

Игор Милев завршил постдипломски студии на Правниот факултет во Скопје, работел како приправник во Основниот суд во Радовиш, бил раководител на правната служба во „Јака 80“ АД Радовиш, а од 2002 до 2015 година работел како адвокат.

Од 2004 до 2005 година бил член на второстепената Комисија за јавни набавки при Владата. Од 2011 до 2013 година бил член на Управниот одбор на Адвокатска комора на Македонија.

Тој од 2015 до 2017 година бил член на Државната изборна комисија. Од 2018 до 2023 година бил советник на директорот на Царинска управа.

Милев, по речиси пет години поминати на висока позиција во Царинската управа, на крајот на февруари, на свое барање, ја напушти оваа институција.
Од јавните објави може да се види дека во петте години стаж Милев бил помошник-директор на Секторот за контрола и истраги.

Поврзани новости