Идниот германски канцелар подржува задолжителна вакцинација

by Fokus

Идниот германски канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека поддржува задолжителна вакцинација против Ковид-19 со цел да се запре скокот на инфекциите во земјата.

Шолц рекол дека гледа оти во Бундестагот има дебата за ова прашање меѓу сите партии, информираат од опкружувањето на идниот канцелар, пренесува Бета.

Здравствената состојба во земјата е неповолна, при што, денеска имало 452,5 заболени од Ковид на 100.000 жители.

Во Германија досега целосно се вакцинирани околу 57 милиони луѓе или 68,5 отсто од населението.

Задолжителната вакцинација, која мнозинството Германци долго време ја одбиваа, сега ја бараат две третини од нив, односно 64 отсто, покажа неодамнешната анкета на медиумите РТЛ и НТВ.

Поврзани новости