Идниот бугарски премиер под истрага, дали има двојно државјанство?

by Фокус

Рокот на проверка на државјанството на поранешниот привремен министер за економија Кирил Петков е продолжен до средината на декември.

Ова следува откако кон крајот на август обвинителството беше известено по електронска пошта дека тој, освен бугарско, има и канадско државјанство.

Бугарското обвинителство соопшти дека речиси еден месец се проверуваат информациите за наводното двојно државјанство на Петков, кој претендира да биде идниот бугарски премиер.

Претходно, бугарското обвинителство информираше дека од Уставниот суд ќе бидат побарани сите материјали кои се поврзани со случајот.

Инаку, Петков изјавил дека има само бугарско државјанство, што, според правниците, значи дека потпишал документ со неточна содржина.

Портпаролот на специјалното обвинителство Христо Крастев објасни дека треба да се чекаат документи од Антикорупциската комисија, на која, како привремен министер, Петков имал обврска да поднесе изјава за некомпатибилност.

По тој датум, надзорниот обвинител ќе има уште еден месец да каже дали има или нема докази за сторено кривично дело од Петков.

Поврзани новости