Украдени пари на поранешната власт во висина од 800 милиони франци се лоцирани и наскоро ќе бидат вратени во Македонија, вели за Фокус се уште актуелниот министер без ресор Самка Ибраимовски, кој наскоро треба да стане пратеник.
-Со овие пари може да почне да врти бројчаникот кој ќе ги покажува украдени пари, откриени и вратени во земјава – вели Ибраимовски.
Тој додава дека тоа што членовите на Државната изборна комисија поднесоа оставка по аферата со бонусите што си ги доделија не ја опструира постапката да направи трансфер од извршната во законодавната власт.
-Актуелниот состав на ДИК функционира додека не се изберат нови членови. Денес бев да потпишам изјава дека го прифаќам мандатот за пратеник како следен на пратеничката листа по Васко Ковачевски и на некоја наредна седница ќе бидат верификувана оставката на Ковачевски и мојот мандат – истакнува Ибраимовски.