Расте клиентелизмот во медиумите во Македонија

by fokus 17:35
17:35

Македонија бележи пад во Индексот во клиентелизам на медиумите, особено во делот на способноста на државата сеопфатно да ја разбере состојбата на медумите според декларативното постоење на податоци, што значи проблем во детектирањето и спречувањето на клиентелистички практики, покажуваат резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија.

Истражувањето беше спроведено и во Романија, Босна и Херцеговина,  Хрватска,  Србија и во Црна Гора, а резултатите беа презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”, која се одржа во ЕУ Инфо центар, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

- Advertisements -

Фокусот на индексот е на капацитетот на општеството да детектира и спречи клиентелистички практики во медиумите. Поточно, ја мери  способноста на општеството да ги одреди ризиците од размената на услуги помеѓу политичките, економските центри на моќ и медиумите.  Тоа, воедно доведува до девијации во улогата која ја имаат медиумите во едно општество – да бидат столб на демократијата, вели Маја Раванска, истражувачка во Асоцијацијата „Паблик“.

Таа појасни дека собирани се податоци од правната рамка, јавните политики, институционалната рамка, а дека во истражувањето се воделе и според одредени индикатори кои се однесуваат на медиумскиот пазар и финансирањето на медиумите, транспарентноста на сопствеништвото врз медиумите, а опфатени се и податоци од полето на медиумските слободи и права на новинарите.

Поврзани новости