Ибрахимовиќ кон фановите на ЛА Галакси: Го сакавте Златан, ви го дадов Златан

by fokus 10:18
10:18

Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, најави дека ќе го напушти клубот. На 38-годишниот Швеѓанец му завршува договор на крајот на годината.

– Дојдов видов победив. Благодарност до Лос Анџелес галакси што ме натера повторно да се чувствувам жив. За фановите на Галакси – го сакавте Златан, ви го дадов Златан. Ве молам. Историјата продолжува … Сега вратете се на гледање бејзбол, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм.

- Advertising -

Ибрахимовиќ во Галакси дојде во 2018 година од Манчестер јунајтед. Претходно беше дел од ПСЖ, Милан, Барселона, Интер, Јувентус, Ајакс и Малме.

Поврзани новости