И Забрчанец во изолација, одржал состанок со Зекири

by Фокус

Советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, е во изолација бидејќи одржал состанок со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, кој е позитивен на Ковид 19.

„Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1,5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата“, напиша Забрчанец на фејсбук.

Тој порача сите да ги почитуваат доследно мерките и препораките на епидемилозите.

Поврзани новости