И вториот тест на Заев е негативен: Се надевам дека и премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови

by fokus

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев предмалку на Фејсбук објави дека и вториот тест на корона вирус му е негативен.

-Денеска, согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот кој исто како и првиот тест е негативен.
Им благодарам на сите за поддршката и во исто време упатувам поддршка со желба за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Димитриевски и на сите граѓани кои се справуваат со вирусот.
Се надевам дека премиерот и министрите ќе имаат негативни тестови. Овој вирус покажа дека е непредвидлив и дека е сериозна закана по здравјето на секој од нас.
Затоа делуваме брзо, но многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките.
Да останеме дома, да внимаваме многу повеќе на нашата хигиена, да држиме дистанца од 2 метри, да се заштитиме а со тоа да ги заштитиме и другите.
Секој што ги почитува мерките спасува здравје и живот, порача Заев.

Поврзани новости