Спасовски за одење во храмовите: Мора да останеме дома, тој што ќе отстапи загрозува живот

by fokus 18:26
18:26

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во видео обраќање им порача на граѓаните дека годинава Велигден треба да го прославиме во нашите домови, наместо во храмовите.

-Свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигден, ве уверувам – има начин. Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот, порача Спасовски.

- Advertisements -

Поврзани новости