724
Под паролата „Нема правда нема мир“ Македонците во Цирих изразија незадоволство од одлуката на Иванов за аболиција, како и целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство. Иако во швајцарскиот град групата демонстранти беше помала, сепак пораката е испратена во знак на солидарност со протестантите низ сите градови во Македонија.
Цирих е само продолжение на многуте протести и реакции низ целиот свет. Стотици македонски државјани изразуваат поддршка за Движењето „Протестирам“.