ДПМНЕ сака избори, СДСМ повлекување на аболицијата

by Фокус

Иако постоеја очекувања и информации дека е можно да се случи лидерска средба за надминување на политичката криза, сепак дијаметрално спротивните ставови на власта и опозицијата остануваат и до тоа нема да дојде.

СДСМ бара повлекување на аболицијата и свикување на парламентот за да се одложат изборите, ВМРО ДПМНЕ пак, излезот го гледа само во избори на 5-ти јуни. Ваквиот став на партиите не води кон компромис и до решение, а сето ова се случува пред да пристигне во Македонија, германскиот посредник Јоханес Хајндл.

Тој стига од Берлин со конкретни предлози и планови за надминување на кризата, но колку ќе успее да ги премости разликите?

Дали ВМРО ДПМНЕ ќе оди сама на избори е неизвесно, но такви избори тешко дека се остварливи. ДУИ во последен момент се повлече за да го испочитува ставот и на Меѓународната заедница дека услови за избори не се создадени. ДПА неколку пати јавно повторуваше дека изборите се загрозени затоа што не се преземале навремени активности.

Поврзани новости