Поставувањето на споменик на Цар Самоил (997-1014) е една од точките на дневен ред на градскиот совет во Софија, кој се собира на седница за првпат по летните одмори. Се очекува советниците да ја подржат оваа идеја, чија реализација ќе биде на сметка на д-р Милен Врабевски, претседател на фондацијата „Бугарска меморија“. Локалната власт треба да го обезбеди потребното количество бронза.
Во текот на годината се одржал конкурс за тоа, како ќе изгледа споменикот, при што одлучено е за тоа да се погрижи скулпторот Александар Хаитов и архитектите Марија и Росен Гуркови. Најверојатно, споменикот ќе биде поставен на 6 октомври, кога навршуваат 1.000 години од смртта на бугарскиот владател. Споменикот ќе биде поставен во дворот на храмот „Св. Ѓорѓи Победоносец“.