Африка ја спречува еболата на аеродромите

by Фокус

Властите во Гвинеја презеле бројни мерки за спречување на ширењето на еболата надвор од границите на африканската држава, јавува конзулатот на Република Гвинеја во Македонија.

„Во текот на изминатите месеци Гвинеја презема низа мерки и законски одредби на аеродромот во Конакри сѐ со цел да го спречи ширењето на најголемата епидемија на смртоносниот вирус – ебола. На аеродромот сите патници задолжително пополнуваат фомулар за изјава за здравствената состојба, а медицинскиот персонал е должен да изврши контрола на температурата на секој патник поединечно. Процесуирањето на патниците се врши преку комплетно пополнети, потпишани и печатирани формулари, додека забраната за спроведување стапува на сила кај патниците на кои им е измерена температура од 38⁰С или повеќе. Сомнителните случаи се насочуваат во една од двете зони за безбедна изолација кои исто така согласно законските одредби се задолжителни на аеродромот во Конакри“, се вели во соопштението кое вчера беше испратено до медиумите.

Доколку постои сомнеж дека патникот е заразен од ебола во тој случај патниците се подложни на втора контрола на температура пред полетувањето, по барање на компанијата. Премерената температура задолжително мора да биде евидентирана на авионскиот билет,а е регулирана од страна на здравствените работници.

Поврзани новости