Пред очите на децата, осудените во „Калдрма“ собрани од дома и однесени во затвор

by fokus 19:34
19:34

Поголемиот дел од 86-те осудени во случајот „Калдрма“, во моментот со полициски возила се транспортираат до истражниот затвор „Скопје“, каде што треба да ја одлежат затворската казна. Осудените, од кои повеќето беа вработени на патарините, беа обвинети дека краделе пари, издавајќи фалсификувани фискални сметки.

Спроведувањето во затвор следува откако пред неколку месеци Апелација ги потврди нивните затворски казни, досудени од Основниот суд Скопје 1, а деновиве ја примиле одлуката. Нивните роднини реагираат, бидејќи биле приведени пред очите на нивните малолетни деца, без претходна најава.

- Advertising -

-Дознавме дека денеска ќе го соберат, бидејќи ни се јавија роднините на останатите осудени. Па така набрзина се спреми и чекавме. Најлошо од се е што и децата беа сведоци. Го гушнаа татко им и не го пуштаа, а полицајците го собраа пред нивните очи. Да ни кажеа ден претходно, ќе знаевме барем децата да ги однесеме некаде за да не им остане траума, вели роднина на осуден во случајот „Калдрма“.

Kadrma1

Обвинетите, во третото продолжение на случајот „Змиско око“, добија затворски казни од 8 месеци па се до шест години. Поголемиот дел од нив поминаа по 3 години во притвор, а само мал дел се бранеа од слобода. Роднините се револтирани од изречените казни, коментирајќи дека нивните најблиски плаќаат и за неуспешните две акции „Змиско око 1 и 2“, кои се уште се заглавени во судските лавиринти.

Групата беше уапсена во декември 2011 година. Обвинителството ги обвини дека за разлика колегите фатени со „Змиско око“ кои не издавале сметки за патарините, овие вработени наводно издавале лажни фискални, а парите ги ставале во џеб.

 

 

Поврзани новости