378
На адреси на фукционери на власта и надвор од Скопје биле регистрирани по десетици гласачи од Пустец, односно им биле издавани лажни лични карти со тие адреси на живеење, открива МВР.
На адресата каде што живее раководителот на Дирекција за заштита и спасување од Ресен биле регистрирани дваесетина гласачи од Пустец. И во домот на директорот на гимназијата во Кичево биле заведени 18 лица кои незаконски и без потребната документација добиле лични карти и гласале на изборите во 2011 и 2013-та.
Според извори на 24 Вести од МВР, дел од вработените ги признале делата за незаконско издавање на лични карти за избори, но уште не се знае дали тие ќе бидат користени како сведоци или „свиркачи“ во понатамошниот тек на постапката.