487
Унгарската Влада денеска испрати 31 полицаец на македонско-грчката граница за да им помагаат на македонските колеги. Унгарските полицајци во Македонија ќе бидат еден месец и ќе патролираат на границата со Грција.
Тие ќе бидат задолжени да го контролираат влезот на бегалци кои секојдневно пристигнуваат во Македонија.
-Тие во мисијата ќе придоинесат и со транспортни возила и термо камери, изјави командантот на унгарската полиција, Јанош Балог.
Премиерите на Унгарија и Македонија, Виктор Орбан и Никола Груевски, се договорија во декември дека Унгарија ќе и помогне на Македонија во контролата на границите.