ВМРО-Народна партија одлучи да не учествува на предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни 2016 година.
„Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Пржинскиот договор, предизвика жестоки реакции и на внатрешно политички план и на меѓународната заедница. Оваа одлука ја избриша демократијата во Македонија, нанесувајќи огромна штета на севкупните политички процеси во земјата, а со тоа ги уништи до темел односите со ЕУ и НАТО, предизвикувајќи голема разочараност кај нив“, се наведува во соопштението на ВМРО-НП.
Од таму додаваат дека нема да се приклонат кон ниту една политичка партија, ниту пак имаат намера да потпишуваат декларации понудени од било која страна.