Милошоски: Да не е СЈО, Заев нема да биде присутен во јавноста

by Фокус

Специјалното јавно обвинителство настапува политичката пристрасносто, селективно и нетранспарентно во корист на СДСМ, оцени денеска Антонијо Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Веќе никој ниту очекува, ниту може да добие објективен одговор од тимот на Катица Јанева, а најмалку од госпоѓата Јанева. Напротив, од неа може да се очекува само глумење на инквизиција и натамошно политичко ангажирање во кампањата на Зоран Заев. Граѓаните треба да знаат дека театралните прес конференции имаат само една цел, а тоа е да го компензираат недостатокот од аргументи и да му дадат изговор и повод на Заев за некакви насилни протести и испади за време на собирите на одредена група на граѓани. Се разбира, настапите на СЈО се замислени да го компензираат недостатокот од политичка програма и платформа на СДСМ. Да не настапуваше СЈО на такви театрални прес конференции, СДСМ немаше да биде присутен во политичката јавност во изминатиов период – рече Милошоски.

Поврзани новости