ВМРО-ДПМНЕ поддржува надлежните институции да спроведат нова истрага во случајот на трагичната смрт на новинарот Никола Младенов, соопштија од владејачката партија, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев објави аудиоматеријали кои јавуваат потреба да се спроведе нова независна, темелна и транспарентна истрага за загинувањето на основачот на неделникот Фокус, бидејќи претходната се водела неодговорно и непрофесионално.
„Немаме никаква дилема дека во овој случај е постапено одговорно, но заради потребата од целосната доверба во постапките и институциите поддржуваме нова истрага, под надзор на новинарската фела преставувана од здруженијата, луѓе од семејството, со увид на експерти, како што и секогаш во изминатиот период се залагаме за правна разрешница“, соопштија од партијата на Никола Груевски.