СДСМ: Криминалната банда не може да спроведе истрага за Младенов

by Фокус

-Криминалната власт на Никола Груевски ја лажела јавноста, криела клучни информации и не спровела истрага за случајот Младенов. Груевски, Јанкуловска и соработниците се последните коишто може да спроведат било каква истрага. Криминалната банда на власт единствено може да одговара, согласно Уставот и законите, за сторените кривични дела за коишто постојат непобитни докази, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ дека и тие се за спороведување на нова истрага за загинувањето на основачот на Фокус, Никола Младенов.

Од СДСМ велат дека владејачката партија денеска уште еднаш ја потврдила автентичноста на снимките и Никола Груевски потврдил дека се што е објавено во досегашните 30 прес конференции на СДСМ е целосно точно.

Поврзани новости