И влегол во спалната, ја влечел за коса и ја ограбил

by Fokus

Во охридското село Велогашти била извршена кражба, информираа од МВР.

Според полицијата, во периодот од 22.00 часот на 07.01.2018 до 01.00 часот на 08.01.2018 година, во куќа на ул. „Манастирска“ во с.Велгошти, охридско, сопственост на М.Л., непознат маскиран сторител извршил разбојничка кражба. Сторителот со подесен алат влегол во куќата и во моментот кога бил во спалната соба бил затекнат од сопственичката М.Л. Во тој момент сторителот ја нападнал М.Л. Тој ја влечел за коса и и упатувал  закани. Откако успел да стави неколку предмети по џебовите побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости